Во законот точно е определено кои лица можат да добијат обезбедување од МВР. „Од страна на министерот за внатрешни работи може да се определат мерки и активности за обезбедување и за други личности кои извршуваат јавни функции по нивно барање, во зависност од безбедносната проценка, доколку е проценет висок степен на опасност по нивниот живот и личниот интегритет, а поради извршување на определени дејствија во вршењето на нивната функција“, пишува правдико.мк откако вчера Министерот Спасовски обелодени десетина партиски функционери на власта на кои неовластено и со усна наредба им биле доделени службени возила и обезбедување од МВР.
Меѓу нив се: Кирил Божиновски, генерален секретар на Владата, Емил Димитриев, пратеник и генерален секретар на ВМРО- ДПМНЕ, Михајло Маневски – поранешен министер за правда, Мартин Протуѓер – советник на премиерот, Гоце Ѓуклески од Националниот координативен центар, Јохан Тарчуловски и пратеникот Амди Бајрам.
Прашање е дали овие личности имале реални закани по животот или пак станува