Од министерството за внатрешни работи излегоа со соопштение во кое ги објаснуваат случувањата во општина Карпош, од каде што денеска имало дојава за изнесување на документи од општината.
– Врз основа на допрен глас дека од просториите на општина Карпош се изнесува документација на општината, од страна на полициски службеници од СВР Скопје е излезено на лице место, при што е констатирано дека во моментот на проверката не се изнесува никаква документација. Од извршениот разговор со градоначалникот Стевчо Јакимовски утврдено е дека истиот се подготвувал за изнесување на личните предмети од сопствениот кабинет со цел подготвување за примопредавање на функцијата. Бидејќи не е потврдено сознанието и постоење на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“ од член 280 од КЗ на РМ, поради кое СВР постапувало. По обавениот разговор полицијата се повлекле од лице место – се наведува во информациите од МВР.