Јакимовски: Ги пакував личните работи за да ја ослободам канцеларијата за новиот градоначалник

by fokus 16:14
16:14

Тие изминативе два дена не можат да ги најдат оние кои што сакаа да не колат вечерта на изборите, но денеска ефикасно дојдоа и забранија влез во општината за да потоа дојдат инспекторите од стопански криминал и констатираат дека ние раздвојуваме што е лично, а што општинско, изјави досегашниот градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, по информациите дека полицијата врши претрес во оваа општина откако било испратена дојава дека се изнесуваат документи.

Јакимовски вели дека ги пакувал личните предмети за да ја ослободи канцеларијата за новиот градоначалник.

-Ова е само уште еден блам на СДСМ и нејзиното непознавање на локалната самоуправа. Јас во општината имам лични предмети и документи, од општината не беа изнесувани службени предмети. Сите документи и сè она што е битно за локалната самоуправа се наоѓа во архивата, а згора на тоа општината има електронска архива и ништо такво не може да се наоѓа кај градоначалникот – изјави тој на денешната прес конференција.

- Advertising -

Додава дека со ова може да се види ефикасноста на полицијата за која, како што вели тој, е под водство на режимот на Зоран Заев.

„На моите колеги некој им се јавил и им рекол дека примопредавањето ќе се одржи денес во 13 часот и по тој повод моите колеги започнале да пакуваат сè што се наоѓа во мојот кабинет. Јас таму имам лични предмети на мое име и нормално дека треба да се одвои што е на општината, а што е на лично име и документи, како и фотографии бидејќи во оваа општина јас сум бил осум години“, изјави Јакимовски пред медиумите.

По завршување на претресот направен бил записник. Од МВР засега не даваат никакви информации за овој настан.

Поврзани новости