МВР набави и елеци во итна постапка за 65 илјади евра

by Фокус

Министерството за внатрешни работи деновиве склучи договор со компанијата „Фафамлекс“ за набавка на флуроцентни елеци за припадниците на полицијата, во износ од над 4 милиони денари или околу 65.000 евра.

Според Бирото за јавни набавки, договорот е склучен во постапка со преговори без претходно објавување на оглас, поради крајна итност „предизвикана како резултат на настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди“.

Иако договорот е склучен по пат на преговори со 5 компании, но без објавување на оглас, договорниот орган немал обврска да обезбеди мислење од БЈН, бидејќи набавката се третира како поврзана со пандемијата од Ковид-19.

Поточно, договорот меѓу двете страни предвидува дека набавката се однесува за 3.000 елеци, што значи дека постигнатата вредност на еден елек на крајот испаѓа дваесетина 20 евра.

Претходно, МВР склучи договор во итна постапка и за набавка на ремени(опасачи) во износ од 1,8 милиони денари или скоро 30.000 евра.

В.С.

Поврзани новости