163
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатирал непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар.
,,За лицето е покрената дисциплинска постапка. Со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата. МВР го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата е тука за да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните“, велат од МВР.