553
Санкционирани се 94 прекршоци во сообраќајот при акциска контрола за санкционирање на возење под дејство на алкохол на територијата на општина Центар, што ја спроведе во текот на вчерашниот ден Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 17 санкции се изречени за возење во алкохолизирана состојба, 10 за возење без возачка дозвола, една за нерегистрирано возило, 15 за некористење заштитна маска.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакнуваат во соопштение од МВР.