438
Лице од кандидираната листа на советници од ВМРО-ДПМНЕ вечерва е повикано на разговор во полициска станица во Кочани, под сомнение дека поткупувал гласачи.
Според првичните информации од МВР, кај лицето се најдени пари, списоци со гласачи и друг материјал.
Случајот се работи по консултација и налог од Основното јавно обвинителство.