559
По обвинувањата на СДСМ дека се прави криминал со тутунот полицијата излезе со кратко соопштение во кое наведува дека ќе го испита случајот.
-Министерството за внатрешни работи ќе ги испита наводите на СДСМ за нелегално производство и продажба на тутун од типот „Вирџинија“ и доколку се утврдат било какви сомненија за сторен криминал како и во сите други случаи, крајно неселективно против осомничените ќе бидат процесуирани соодветни пријави- се вели во реакцијата на МВР.