МВР ја објави потерницата за Мијалков

by fokus

На барање на МВР, Кривичниот суд распиша и меѓународна потерница за Сашо Мијалков.

Потерницата веќе е објавена на веб сајтот на МВР.

Во неа се наведени личните податоци на Мијалков, како и кривичните дела за кои се гони во случајот „Таргет и Тврдина“.

-Мијалков Сашо, од татко Јордан , мајка Милка, роден на 15.09.1965 во Скопје, со живеалиште на ул.Народен Фронт бр.5-31 во Скопје, се бара по наредба за распишување на потерница на Основен суд Скопје 1 КОК – КР бр.56/21, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка куќен притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 , кривично дело “Злосторничко здружување “ од член 394 и кривично дело “Примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од КЗ.“, стои во потерницата на МВР.

Поврзани новости