МВР: Изразуваме сочуство кон роднините и граѓаните на Република Бугарија за загинатото семејство кај Солунска Глава

by fokus

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на денешната прес-конференција, во името на Министерството за внатрешни работи, изрази сочуство кон роднините и граѓаните на Бугарија, за четиричленото семејство кое загина во авионска несреќа кај Солунска глава.

„Вчера околу 19 часот припадници на МВР информираа дека на локација околу 5 км северозападно од Солунска Глава е пронајден паднат авион. Загинато е четиричлено семејство а сите се од Република Бугарија. МВР изразува сочуство до роднините и граѓаните на Бугарија. Екипите се на терен и вршат увид под раководство на јавен обвинител“, истакна Ангеловски.

Поврзани новости