Во текот на вчерашниот ден до Одделението за азил се поднесени уште 17 баратели на азил, од кои 11 баратели на азил се мажи, еден барател на азил е женa, пет баратели на азил се малолетни лица- извести МВР.
Изминатиов ден, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил, Министерството за внатрешни работи издаде 715 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.
Во периодот од 19.06.2015 до 22.07.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 17.610 странски државјани, од кои, 12.965 се од машки пол, 2.309 се од женски, 2.191 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 145 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-12.798, потоа Авганистан-1.471, Ирак-1.054, Пакистан-606, Сомалија- 423, Палестина-357, Конго-254, Камерун-104, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 22.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 35 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 25 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.