Нов обид за средба на работната група

by Фокус 09:58
09:58

За денеска попладне закажан е состанок на работната група составена од претставници на четирите најголеми партии во Македонија, за да почнат да се договараат околу деталите за спроведување на политичкиот договор од Пржино.

На состанокот на кој ќе се разгледуваат реформите во изборното законодавство, би требало да учествуваат и експерти на ОБСЕ.

- Advertisements -

Претставниците на политичките партии, членови на работната група, завчера не успеаја да се состанат. Денеска тие треба да расправаат за прочистувањето на Избирачкиот список, за новиот состав на ДИК и за Изборниот законик. Ако преставниците на партиите сакаат да стигнат до некакво решение мора да започнат со работа, оти сега секој ден е важен.

 

Поврзани новости