Од МВР информираа дека по завршувањето на обдукцијата на починатите членови на терористичката е отпочната процедурата на потврдување на идентитетот на лицата, во соработка со ИНТЕРПОЛ.
„Досега позитивно е потвден идентитетот на Мирсад Ндрецај роден 17.06.1979 од Косово таканаречен командант НАТО за кој постоеја сомненија дека е еден од лидерите на терористичката група. Пристигна позитивна потврда и на идентитетот на Бег Ризај роден 25.12.1977 од Косово познат како командатнт Бегу. Од починатите потврден и идентитетот на Нусрет Каљоши роден 18.04.1975 македонски државјанин“, се вели во соопштението на МВР.
Оттаму додаваат дека покрај идентитетот на тројцата починати, преку ИНТЕРПОЛ потврден е и идентитетот и на Сами Укшини 10.10.1967 од Косово познат како Командант Соколи, кој самиот се предал на полицијата. Од министерството истакнуваат и дека во наредниот период ќе продолжи процесот на идентификација и на останатите.