543
Министерството за внатрешни работи го чека извештајот од затворот Скопје и Управата за извршување санкции во врска со инцидентот од минатата седмица кога притворените поранешни министри, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски по вербална расправа биле нападнати од затвореници.
-Чекаме да заврши внатрешната истрага, бидејќи затворот и Управата се задолжени за внатрешното обезбедување и врз основа на тие извештаи доколку имаме наредба за какво било постапување ќе постапиме, рече Спасовски денеска на прес-конференција.