Министерството за внатрешни работи на својата интернет страница ги објави потерниците за Горан Грујевски, екс-началникот на петтата управа и Никола Бошкоски, вработен во УБК. Ова е четврти ден откако двајцата се во бегство и се недостапни за органите на прогон и за судските власти во земјава.
Потерниците се распишани откако полицијата на 26 јули не успеа да ги пронајде двајцата обвинети од СЈО во предметите „Тврдина“ и „Таргет“, на кои апелацискиот суд им одреди притвор на 18 јули.
Грујевски е обвинет за кривичните дела „Злосторничко здружување“, „Злоупотреба на службена положба и овластување“, „Фалсификување службена исправа“, а Никола Бошкоски се товари за кривичните дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Фалсификување службена исправа“.