477
МВР го утврдила идентитетот на пратениците кои ги отворија вратите на Собранието на 27 април и ги пуштија насилниците кои потоа претепаа нивни колеги пратеници.
Во соопштението од МВР се цели дека испратиле Известување до обвинителството за идентификување на 7 пратеници, без детали за неговата содржина.
На снимките кои ги објави телевизија Телма се гледа дека во отварањето на вратите учествуваат пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски.