443
По еден час од експлозијата МВР за Фокус соопшти дека се случила на само пет до 10 метри од зградата на Владата. Експлозивната направа, која допрва ќе се вештачи каква е, пукнала во тревникот од страната на зградата кај споменикот на НОБ.
МВР тврди дека нема предизвикано штета на зградата, а дека се пронајдени остатоци од експлозивот кои се подигнати за испитување. Екипи за антитероризам се на терен и проверуваат што експлодирало. Се уште нема осомничени, а не се знае ниту мотивот за нападот. Во околината на Владата има поставено камери, па ќе се проверуваат снимките за да се утврди дали е снимено нешто сомнително.
Владата и претходно неколку пати беше мета на вооружени напади, но полицијата нема откриени кој стои зад инцидентите.