МВР: Документите на Заев се најобична лага

by Фокус

Министерството за внатрешни работи излезе со реакција на денешната пресконференција на Зоран Заев на која тој презентираше, според него,  документи од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во кои се гледа дека биле прислушувани новинари. Од МВР велат дека овие документи не се од УБК, туку се најобична лага на Заев.

-Хартиите со кои денеска манипулираше четвртоосмничениот Зоран Заев се најобична лага, а не документи на Управата за безбедност и контраразузнавање, стои во писменото соопштение на МВР.

Во соопштението уште се вели дека Министерството ги почитува сите закони и УБК никогаш незаконски не прислушувала новинари.

-Министерството за внатрешни работи и УБК во време на сегашното раководство никогаш незаконски не следеле ниту правеле анализи на новинари. Во целост сме ги почитувале Уставот и Законите на Република Македонија и сме работеле во согласност со истите. Најостро ги демантираме сите изнесени клевети и конструкции објавени денеска од страна на четвртоосомничениот Зоран Заев, стои во соопштението.

Поврзани новости