Министерството за внатрешни работи излезе со реакција на денешната пресконференција на Зоран Заев на која тој презентираше, според него, документи од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во кои се гледа дека биле прислушувани новинари. Од МВР велат дека овие документи не се од УБК, туку се најобична лага на Заев.
-Хартиите со кои денеска манипулираше четвртоосмничениот Зоран Заев се најобична лага, а не документи на Управата за безбедност и контраразузнавање, стои во писменото соопштение на МВР.
Во соопштението уште се вели дека Министерството ги почитува сите закони и УБК никогаш незаконски не прислушувала новинари.
-Министерството за внатрешни работи и УБК во време на сегашното раководство никогаш незаконски не следеле ниту правеле анализи на новинари. Во целост сме ги почитувале Уставот и Законите на Република Македонија и сме работеле во согласност со истите. Најостро ги демантираме сите изнесени клевети и конструкции објавени денеска од страна на четвртоосомничениот Зоран Заев, стои во соопштението.