524
Актуелниот директор на МНТ, Драган Спасов-Дац синоќа бил под дејство на алкохол кога удри девојка кај „Шампионче“ во Кисела Вода, потврдија за „Фокус“ од МВР.
Според полицијата, вчера вечерта во 19.20 часот на улица „Антон Попов“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски таблички управувано од Д.С.(54) удрило во пешакот Е.Ц.(27).
Е.Ц е пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде и се констатирани телесни повреди, по што е пуштена дома.