Од Министерството за внатрешни работи демантираат дека во текот на блокадата на вчерашните протести на Шарената револуција, полицијата употреби средства за присила или димни и шок-бомби.
Од таму обвинуваат дека демонстрантите насилно го пробиле полицискиот кордон.
„Откако беа блокирани демонстрантите на улица Македонија, истите се поделени во групи и повеќепати се обидоа да го пробијат кордонот кај Градски ѕид, со туркање и со влечење на полициските службеници поставени во кордонот. Во 21.30 часот, групата демонстранти пред Министерството за финанси се упати кон улица Македонија, при што со употреба на физичка сила кон полицискиот кордон успеа да го пробие кордонот. По пробивањето на кордонот, демонстрантите дејствуваа со боја и фрлија пиротехнички средства (факел) кон Министерството“, велат од МВР.