456
Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира злонамерните невистини, како што велат, објавени од порталот Курир во текстот „Ексклузивно: Две возила од Косово полни со оружје влегле во Македонија – МВР знае, но сепак молчи?! “
„Таков настан се нема случено и очигледно е дека станува збор за лажна вест. Министерството за внатрешни работи бара од одговорните лицa на порталот „Курир“ да биде објавен демант со кој категорични се негираат изнесените лажни информации во овој текст. Бараме овој текст базиран на лаги и со очигледна цел да ја вознемири јавноста, а објавен во 19:24 часот на 21 октомври 2018 година да биде повлечен и да биде објавено извинување“, соопштија од таму.