Ахмети до Коѕијас: Не соединуваа нашите геостратешки и геополитички убедувања за нашите земји и за регионот

by fokus
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, му напиша писмо на грчкиот министер во оставка, Никос Коѕијас, во кој вели дека со разочарање ја примил веста дека Коѕијас си заминува од Владата во Грција.
„Веќе четири години работиме заедно за европски вредности, добрососедство, мирен регион, стабилност и безбедност. Нашата соработка беше природна бидејќи не соединуваат нашите геостратешки и геополитички убедувања не само за нашите земји туку и за регионот и пошироко, волјата за решавање на прашањата помеѓу Скопје и Атина, но и согледувањата за односите со Албанија и Косово.
Сакам да ви се заблагодарам срдечно за Вашата голема посветеност и придонесот за мир, за затварање на прашањата со соседите и за една Југоисточна Европа потполно интегрирана во НАТО и ЕУ.
Убеден сум дека нашите долги, пријателски и многу искрени разговори ќе продолжат со заедничкото ангажирање за вредностите кои ги делиме.
Ти посакувам здравје,  среќа и кај мене секогаш ќе најдеш отворена врата за да се остварат нашите убедувања за еден развоен и интегриран регион“, му порача Ахмети на Коѕијас.

Поврзани новости