505
Дел од медиумите објавија видео и тврдење дека полицијата утринава се обидувала да ја приведе бизнисменката Кираца Трајковска, но од МВР ја демантираат ваквата вест. Оттаму појаснуваат дека МВР постапувало по барање за асистенција од извршител.
-Во времето од 09,30 до 13,30 часот на ул. Петар Попарсов во Скопје од страна на МВР постапено е по барање за асистенција од извршител А. Б. за испразнување и предавање на недвижност. Согласно член 7 од Законот за Полиција, должни сме да постапиме со давање асистенција кога надлежниот орган ќе наиде на отпор или таков отпор оправдано се очекува, информираат од МВР.