841
Министерството за внатрешни работи вчера, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изрече вкупно 148 мерки, од кои 91 за возење повеќе од дозволената брзина, 7 за возење без возачка дозвола, а 4 за недавање првенство на минување на пешаци.
Исто така, изречени се три санкции за користење мобилен телефон, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири за некористење сигурносен појас и 14 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.