395
Во Собранието денеска беше врачена државната награда „11 Октомври“ за 2017 година. Годинешни добитници на наградата за животно дело се музичкиот уметник Влатко Стефановски во областа на културата и уметноста, и историчарот, проф. д-р Амет Шериф – во областа на науката и образованието.
- „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија.