Средношколец претепан и избуткан од автобус

by Fokus

Средношколец е повреден откако вчера бил нападнат од група малолетници кои го истуркале од автобус број 65 кој возел кон селото Стајковци, информираа од МВР.

Според полицијата, околу 19 часот во Скопје на ул.„Алија Авдовиќ“ во автобус бр.65 кој сообраќал во правец од населба Ченто кон Стајковци, поточно на автобуската постојка кај ОУ „25-ти Мај“, група од околу десетина малолетници истуркале од автобусот 17-годишно момче од селото Смиљковци, ученик во 4-та година во АСУЦ, и физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. Во еден момент еден од напаѓачите го удрил со тврд предмет во пределот на главата, по што групата се разбегала.

Со возило на Итна медицинска помош момчето е пренесено во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му е укажана лакарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости