Музичарите се простуваат од Ристе Велков: Замина еден од најхаризматичните оперски солисти

by irena 13:19
13:19

Факултетот за музичка уметност во Скопје и естрадните колеги со голема тага се простуваат од првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој синоќа трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа заедно со неговиот син.

Од неговиот матичен факултет упатија официјално последно поздравување, истакнувајќи го неговиот огромен придонес и харизма на сцената.

„Со шок, тага и неверица ја примивме веста за трагичната смрт на нашиот алумни и првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков (1975-2026), кој го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа. Ристе Велков беше еден од водечките македонски баритони и еден од најхаризматичните оперски солисти. Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, колегите, пријателите и сите што го познаваат и почитуваат. Слава му.“

Оваа ненадејна загуба предизвика бран од реакции и емотивни објави меѓу неговите долгогодишни соработници и пријатели од естрадата.

Музичарите потенцираат дека уметничкиот свет и целата јавност останаа без врвен професионалец и човек.

„Почивај во мир колега Ристе Велков… Незамислива трагедија што ја потресе целата музичка и човечка јавност….. Замина првенец на Македонската опера заедно со својот син во страшната сообраќајна несреќа синоќа… Искрено сочувство до семејството, блиските и сите колеги… Нека почиваат во мир,Царство небесно..“, се прости од него колегата Маријани Џовани.

Слични вести