Музичарите и угостителите беа на средба во Влада, во среда излегуваат на протест

by fokus

Вчерашната владина одлука за зголемување на рестриктивните мерки за угостителите наиде на остри реакции.

Денеска на средба со владини претставници беа музичарите и угостителите, но иако средбата поминала во најдобар ред, сепак тие најавуваат дека во среда излегуваат на протест со цел да дадат поддршка за сите засегнати сектори од оваа пандемија, пренесе ТВ 21.

Тие на состанокот побарале да се повлече мерката за забрана за настапи во угостителските објекти со образложение дека целата естрада не може да „трпи“ поради одредени менаџери или сопственици на кафулиња коишто ги прекршиле протоколите со повикување на гости од регионот.

На средбата се разговарало и за поголема финансиска помош за музичарите со оглед на тоа што тие оваа година целосно ќе ја завршат со загуба.

Поврзани новости