Музејот на ВМРО ќе проголта уште половина милион евра!

by fokus

Дополнителни половина милион евра ќе бидат потрошени за Музејот на ВМРО, објект од проектот „Скопје 2014“.

Поточно, од Музејот вчера објавија оглас, на сајтот на Бирото за јавни набавки, со кој бараат фирма која ќе изврши ентериерно уредување на конференциска сала во објектот. Оттаму процениле дека за ваквата услуга треба да издвојат 520.000 евра, без вклучено ДДВ, но точната сума на тендерот ќе биде позната откако ќе биде склучен договорот за изведба.

Според пресметките на опозициската СДСМ, Музејот на ВМРО, според основниот договор требаше да чини 4,5 милиони евра, но за него биле потрошени дури 20,5 милиони евра!

Според отчетот на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, даден во 2013 година, овој објект чини 13,3 милиони евра.

Поврзани новости