409
Музејот на Есма Реџепова, лоциран на скопско Кале целосно бил ограбен и во него нема ништо. Кражбата се случила во периодот по нејзината смрт но никој до денеска не влегол внатре, иако Есма Реџепова, во тестамент, пред својата смрт и го остави на државата, дознава Сведок.
Постојат сомневања дека била однесена и урната со пепелта на Стево Теодосиевски, сопругот на Есма, кој бил кремиран и урната се чувала во куќата. На тоа место останал само крстот.