Муцунски: Убеден сум дека мојата генерација на политичари ќе доживее оваа држава повторно да се вика Република Македонија

by fokus

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека доколку обезбедат двотретинско мнозинство, ќе пристапат кон уставни измени.

Додаде дека е убеден дека неговата генерација на политичари ќе доживее државата повторно да се вика Република Македонија.

-Навистина е различен ставот меѓу ВМРО и СДСМ. Имаме различно толкување на тоа што значи национални интереси. ВМРО ДПМНЕ смета дека Договорот е навределив, но факт е дека истиот е ратификуван. Ние можеме да ги смениме негативните импликации од Договорот ако освоиме двотретинско мнозинство. Велам дека доколку ние имаме двотретинско мнозинство и Бадентерово мнозинство ќе пристапиме кон уставни измени. Јас сум убеден дека мојата генерација на политичари ќе го доживее моментот оваа држава повторно да се вика Република Македонија, вели Муцунски.

Поврзани новости