Муцунски: Со Тајани ќе организираме многу важна дискусија за Коридорот 8

by irena 09:14
09:14

На маргините на денешниот министерски состанок на НАТО ќе имаме многу важна дискусија за Коридорот 8, кој е од клучна политичка и безбедносна важност за подобрување на поврзаноста, но исто така и за стратешката воена мобилност, изјави утрово министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски при пристигнувањето на денешната средба на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата во Брисел.

Министрите ќе дискутираат за заедничките напори за континуирана поддршка на Украина, како и за стратегиите за справување со дестабилизирачките активности на „малигните актери“ кои се обидуваат да ја нарушат глобалната безбедносна архитектура.

На маргините на самитот, Муцунски ќе има густа агенда на билатерални средби, меѓу кои се издвојува средбата со шефот на американската делегација, заменик-државниот секретар Кристофер Ландау.

Слични вести