Се разболе премиерот Мицкоски, откажано е неговото обраќање на македонско-српскиот форум во Скопје

by irena 09:06
09:06

Над 200 компании и најмалку 300 учесници ќе бидат дел од денешниот македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје со цел интензивирање на економската соработка.

Владината прес-служба утрово информираше дека поради здравствени причини се откажува присуството и обраќањето на форумот претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Пред одржување на форумот, во Владата вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и заменик-претседателката на Владата на Република Србија и министерка за економија, Адријана Месаровиќ ќе потпишат Меморандум за разбирање.

Стоилковиќ и Месаровиќ вчера ги посетија компанијата „Пекабеско“ и винаријата „Камник“, а во изјава за медиумите оценија дека потенцијалот за соработка меѓу двете држави е голем особено во делот на прехранбената индустрија. Тенденција, како што посочија, е да се зголеми размената.

Слични вести