635
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во вечерашната дебата на Канал 5 со неговите противкандидати, побара од кандидатот на СДСМ, Александар Филиповски да се огради од непристојната гестикулација која премиерот Зоран Заев ја направи на митинг во Аеродром.
-Господине Филиповски, еве оваа дебата е идеална прилика да се оградите од гестикулацијата која премиерот Заев ја направи и ги навреди сите жени. А, вие на тоа се смеевте и аплаудиравте. Утре, тоа може да биде и вашата сопруга, мајка. Оградете се доколку тоа не е ваш став, побара Муцунски.
Филиповски одби да се огради, со образложение дека тоа не било негова гестикулација.