Муцунски: Ова е најнегативниот извештај во историјата на Македонија!

by Fokus

„Од моментот кога се почнати првите извештаи за напредокот на Македонија кон членство во ЕУ, досега, содржински, по однос на оценките, по однос на тоа што е направено за претходниот циклус на оценување немало полош и понегативен извештај за нашата држава“ вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на трибина во Радовиш.

Тој додаде дека со тоа што оценки за тоа колку е ужасен Извештајот на ЕК дадоа и доскорешни високи функционери на СДС, очигледно е дека е општ консензус дека Македонија досега не добила толку лош извештај.

„Оценка за колку е ужасен и негативен овој извештај денес даде и професорката Рената Дескоска, министер за правда предложен од СДС, поранешен потпретседател на СДС, а слична оцена даде и поранешниот министер за надворешни работи, вицепремиер и носител на листа на последните избори предложен од СДС, Никола Димитров. Следете ги оценките на сите претставници на невладиниот сектор, нивните изјави и ставови. Општ консензус е дека Македонија ваков ужасен извештај по својата содржина по недостатоците утврдени во него не видела“, рече Муцунски.

Тој додаде дека со ваквиот лош извештај се поби тезата на власта која се себеси се нарекува проевропска, а го доби најнегативниот извештај во историјата на државата од страна на ЕУ.

„Никаков напредок во борбата против корупцијата, а низа коруптивни скандали. Никаков напредок во делот на владеењето на правото, огромен број злоупотреби на европското знаменце. Официјално се поби таа клучна теза дека оваа е проевропска влада која што носи проевропски фронт, на зборови проевропска влада која што го доби нај негативниот извештај во нашата историја од страна на ЕУ“ потенцираше Муцунски.

Поврзани новости