Овие денови ќе останат запаметени како најсрамните денови во современата македонска нација, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител.
Според него, и дека амбасадор на земја членка на ЕУ денеска јавно кажал дека се работи за истиот предлог.
-Сите чинители во Бугарија велат дека се работи за истиот предлог со семантички измени. Сега не стои протокол туку е дефиниран како годишни прегледи и мерки. Првата дезинформација и лага е дека се работи за различен предлог, ова е истиот предлог кој пред две недели беше одбиен, рече тој.
Муцунски смета дека ова е национална катастрофа за државата.
-Видов сличен став дури и на Карл Билт, кој е еден од најсилните промотори на европска интеграција, кој вели и дека ова е предлог кој ќе го усложни процесот. Со жалење морам да констатирам, дека доколку ние како држава и нација го прифатиме овој предлог, жалам што ќе си го усложниме патот, и можеби никогаш нема да станеме членка на ЕУ, порача Муцунски.