Никој не го негира правото на Македонците да се нарекуваат Македонци, вели членот на Националниот совет на опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), Петар Мутафчиев во интервју за софиската агенција Фокус.
– Нека бидат нарекувани така, ние сме Бугари. Нека зборуваат македонски, тоа е целосно нивно право. Нека работат за доброто на македонската држава, но да не се обидуваат да го менуваат минатото, истакнува Мутафчиев, кој е претставен како потомок на преродбеникот Кузман Шапкарев.
Според него, никој нема да се согласи да се прави каков било „процес на преродба на историјата“.
– Никој не е заинтересиран за тоа. Ајде да гледаме напред кон иднината, минатото е јасно, додава Мутафчиев.
Тој оценува дека „Македонија ја гради македонската нација само врз една етничка група“, што, според него, секогаш ќе претставува проблем за земјата.