Муслиу за реакциите од ДУИ против неговото назначување: Мене ме именуваше претседателот

by fokus

Еролд Муслиу, новиот директор на Агенцијата за разузнавање, одби да ги коментира изјавите на челниците на ДУИ дека се загрижени откако него на оваа функција го постави новоименуваниот претседател на државата, Стево Пендаровски, објави Алсат М. Тој вели дека се уште не ја прочитал изјавата на вицепремиерот, Бујар Османи, кој од позиција на портпарол на ДУИ рече дека партијата е длабоко вознемирена поради неговото назначување.

Не сум ја прочитал таа изјава на вицепремиерот Бујар Османи, меѓутоа вчера слушнавте, имаше став и од Претседателот, јас сум именуван од Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски. ДУИ е политичка партија, Бујар Османи е вицепремиер, не знам која функција ја има во политичката партија, не знам каква изјава дал, не знам кој е ставот на политичката партија ДУИ, но колку што знам тие се заедно во влада со СДСМ, значи го поддржаа претседателот Стево Пендаровски, што да кажам понатаму – изјави денеска Муслиу.

Поврзани новости