Муслиу: На избори мора да одиме!

by Fokus

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во изјава за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ порача дека нашата земја добро се справува со пандемијата на корона вирусот, така што најавените избори треба да се одржат.

„Мислам дека барањето да се одложуваат изборите е причината која што ја напоменав претходно – Македонија добро се справи со пандемијата, а тоа и граѓаните го мислат. Ние укажувавме дека ќе имаме остра кампања и пред пандемијата и кај албанските политички партии никоја не може да го предвиди резултатот. Бројот на гласачите кои поради КОВИД-19 се вратија во Македонија е голем и тоа може на крајот да одлучи за победникот“, истакна Муслиу.

Поврзани новости