Муслиу: Ахмети знае што прави, Мерко и Арифи ќе мораат да го слушаат

by Fokus

Аналитичарот Алберт Муслиу во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 го коментираше ребрендирањето на ДУИ. Според него, истражувањата на ДУИ укажале дека главна целна група треба да бидат младите.

„Ахмети докажа годиниве дека секогаш кога нешто ќе промовира со една реченица, на крај ќе излезе со стратегија што му успева. Досега само една партија сме имале која биле сконцентрирани на оваа тема, но таа не успеваше да го зголеми контото на гласови. Политичкиот опоненти на Ахмети треба да бидат внимателни, затоа што секогаш кога сме имале некоја скепса во однос на неговите стратегии, резултатите му оделе во прилог. Што се однесува до градоначалниците Мерко и Арифи, тие ќе мораат да го слушаат својот лидер“, потенцира Муслиу.

Поврзани новости