796
Муса Џафери кој на Централното претседателство на ДУИ беше избран за претседател на Надзорниот совет на партијата најави дека ќе го испитува учеството на собранискиот спикер, Талат Џафери во претседателството на ДУИ.
-Во оваа појдовна точка прво ќе се консултираме со учеството на претседателот на Собранието во претседателството, од причина што претседателството е извршен орган и дали е тоа во согласност со законот и Уставот, рече Муса Џафери за ТВ21.
Муса Џафери е дел од „Огнената група“ на ДУИ којашто успеа да го симне од функцијата организационен секретар во ДУИ, вицепремиерот Артан Груби.