889
Поранешниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи на ТВ 21 изјави дека пред да се повлече добил повик од двајца влијателни функционери на ДУИ.
-Муса Џафери и Блерим Беџети од ДУИ како пријатели дојдоа кај мене и ме замолија да се повлечам и да дадам оставка, поради тоа што било подобро за мене лично пред парламентарните избори, за да не ме етикетираат за негативни работи – истакна Реџепи.