Мултимедијалниот центар во Штип ќе го носи името на Киро Глигоров

by fokus

Советниците на општина Штип денеска донесоа одлука мултимедијалниот центар во Штип да го носи името на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров.

-Беше крајно време Штип на еден посебен начин да му се оддолжи на својот најпознат сограѓанин Киро Глигоров за се што тој направи во процесот на осамостојувањето на нашата држава, најмногу за тоа што со својата мудрост и политичка зрелост успеа без крв да ја раздружи Република Македонија од Југословенската федерација. По доделувањето на орденот „Свети Никола“ на 19 декември минатата година, со ова родниот Штип покажува дека знае на вистински начин да ја искаже својата почит кон големото дело на Глигоров, рече претседателот на Комисијата за култура во Советот, Иван Бојаџиски.

Оваа одлука советниците треба да ја донесат и официјално на следната седница на Советот на општина Штип.

Поврзани новости