480
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски денеска на јавна седница во Апелацискиот суд побара да излезе од истражниот затвор „Скопје“, односно мерката притвор да му биде заменета со куќен притвор, јави Алсат-М.
„Сериозно ми е нарушено, како психичкото, така и физичкото здравје. Пуштете ме барем дома да заздравам и да го видам семејството“, рече Мукоски.
Неговата одбрана посочи дека е семеен човек и оти не планира да бега и дека во негов интерес е да се расветлат настаните од 27 април.
Мукоски повеќе од два месеца е во притвор под сомнение дека ги отворил вратите од Собранието за толпада да влезе внатре и да тепа пратеници.