642
Споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во утринските часови беше од пред Судската палата, а по одлука Град Скопје, е однесен во магацин во Металскиот завод Тито, каде што во определен рок ќе се чува, со можност сопствениците да дојдат и да си го земат.
Овој споменик во 2014 година Град Скопје ги доби како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Од Градот појаснуваат дека доколку во предвидениот рок сопствениците не го подигнат, тогаш ќе се одлучува што ќе се случи со него.
Бидејќи овој споменик беше донација никогаш не се дозна колку пари чини, но ако се спореди со останати споменици од „Скопје 2014“, може да се дојде до приближна сума од 150.000 до 200.000 евра.