Мукоски по средбата со Заев: Ги усогласивме амандманите и го договоривме составот на телото за помирување

by fokus

Крсто Мукоски од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по денешната средба со премиерот Зоран Заев рече дека го усогласиле текстот на амандманите и дека добиле гаранции дека Владата ќе ги прифати нивните амандмани.

Тој додаде дека нивните барања се однесуваат на дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, културно наследство и јазикот. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на Македонија во ЕУ, поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува.

-Разговаравме и за телото за внатрешно помирување . Тоа треба да почне ефективно да работи од понеделник. Договорен е составот и бројот на членовите на телото, рече Мукоски.

Тој ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат и во телото за помирување.

Поврзани новости