532
Кривичниот суд ги одбил сите останати 25 барања на Јавното обвинителство за обвинетите во врска со настаните од 27-ми април. Освен за петмината обвинети кои се враќаат во притвор во Шутка, за останатите обвинети судот се произнел дека барањата на обвинителството се неосновани.
„Судот ги одби или делумно ги уважи барањата на Јавното обвинителство. Со тоа важат претходните мерки за кои одлучи Врховниот“, велат од судот.
Со тоа пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски остануваат во куќен притвор. На нив Врховниот суд пред два дена им го замени затворскиот притвор со домашен.
М.В.