536
Пратеникот Ферид Мухиќ во изјава за „Ал Џезира“ вели дека цел на нападот на демонстрантите во Парламентот било воведувањето вонредна состојба во земјата, за која веќе било подготвено сценарио.
– Целта на нападот очигледно беше убиство на двајца или тројца пратеници, пред се, Зоран Заев и Зијадин Села, како и на еден или двајца насилници за да се осигура избувнување на голем конфликт и да се овозможи воведување на вонредна состојба, за која веќе беше подготвена сценарио – изјави Мухиќ.