ДУИ бара итно расветлување на мотивите за убиството на градоначалникот на Боговиње

by Fokus

Демократската унија за интеграција преку соопштение побара надлежните институции да ги расветлат мотивите за убиството на градоначалникот на Боговиње Хазби Идризи, кое, истакнува, во никој случај не било испровоцирано.

– ДУИ е длабоко потресена од веста за убиството на членот на нашето семејство и градоначалник на општина Боговиње Хазби Идризи, за време на извршувањето на својата должност во служба на граѓаните. Нашите мисли и срца во овие тешки моменти се со семејството и пријателите на Хазби Идризи – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости